Талибанците објавија општа амнестија за владините претставници во Авганистан. Тоа е еден од чекорите. Ние исто така водиме мирен дијалог за решавање на проблемите што постоеја претходно. Преговаравме со американските власти и постигнавме договор што светот го гледа денес, рече тој во ексклузивно интервју за Спутник, пренесува Б92.

– Постигнавме договор странската војска да ја напушти нашата земја. Нашите главни цели и први чекори се дијалог и мирно решение на секој проблем. Таквата политика беше успешна. Мирниот процес доведе до тоа луѓето сега да бидат обединети, додаде тој.

На прашањето како ја оценува одлуката на САД да го помести датумот на повлекување на војската, Наим вели дека талибанците не очекувале да се помести датумот на конечното повлекување од Авганистан.

– Не го прифаќаме тоа. Беше одреден датумот 21 април. Датумот беше договорен со САД и поддржан од Советот за безбедност на Обединетите нации. Сепак, САД еднострано го поместија датумот и ние тоа категорично не го поддржуваме. Мораат да го испочитуваат рокот. Земјата се промени за 100 проценти и не е во нивен интерес да останат тука. Мораат да си заминат навреме, за да нема нови проблеми, рече тој.