Почесниот конзул на Косово, Арсим Папранику во моментов се сослушува во полициска станица поради скандал со лотарија. Бизнисменот моментално е во полициската станица Карпош, каде дава сведоштва во врска со истрагата за наводни манипулации во рамките на Државната лотарија, пренесува 24инфо.

Врска со поранешниот вицепремиер Артан Груби

Конзулот е идентификуван како бизнисменот кој со возило со дипломатски таблички го превезол поранешниот прв вицепремиер Артан Груби на Косово, непосредно пред да започне полициската операција.

Издадени налози за апсење

Министерството за внатрешни работи распиша налози за апсење на поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Двајцата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување при процесот на јавни набавки.

Како е вмешан Папранику?

Почесниот конзул на Косово во Македонија, Арсим Папранику во скадалот е вмешан така што со своето дипломатско возило со Артан Груби ја преминал границата на Косово само еден ден пред да започне полициската акција за негово апсење. Истите извори тврдат дека Груби границата ја поминал со албански пасош.

„Сопственик на Нептун и косопственик на Ист Гејт“: Кој е Арсим Папранику, човекот кој го „спаси“ Груби?

Останува да видиме дали ќе има санкции и за Папранику, но и каква ќе биде разврската со Груби кој преку Фејсбук рече дека никаде нема да бега.