Арсовска им се заблагодари за несебичната поддршка која и ја даваат се поголем број на граѓани во текот на кампањата и ги повика да се приклучат кон промените за подобро, модерно и европско Скопје.
– Општина Аеродром го носи епитетот на урбана и модерна општина која за жал во текот на изминатите 4 години беше заборавена. Заедно со новиот градоначалник на Аеродром и со взаемна соработка со граѓаните ќе го вратиме сјајот на Аеродром и на нашето Скопје. Ќе работиме чесно и одговорно, во интерес на Скопје и скопјани. Со брзи, сигурни и ефикасни решенија ќе придонесеме кон креирање на квалитетни услови за живот за сите. И знам дека заедно ќе успееме во тоа. Позитивната атмосфера и секојдневната поддршка која ја добивам од вас, мои сограѓани, е доказ дека ние скопјани сме спремни за промени, а истите започнуваат по 31 октомври, истакна Арсовска во Аеродром.
Во разговор со граѓаните, Арсовска покрај што ја презентираше својата програма за модерно Скопје, уште еднаш истакна дека со отпочнување на нејзиниот градоначалнички мандат ќе биде градоначалник кој што во договор и соработка со жителите ќе ги реализира решенијата за сите проекти кои се од суштинско значење за подобрување на функционирањето на главниот град, а фокусот ќе биде квалитетна инфраструктура, решавање на сообраќајот, повеќе зелени површини и брз, безбеден и квалитетен јавен превоз, како нејзини главни приоритети.
– Ќе бидам градоначалник кој ќе ги мотивира и поттикнува скопјани за нивно активно вклучување во креирањето политики на ниво на Град Скопје. Градоначалник кој што ќе се бори за зелено и модерно Скопје, за сообраќаен ред, за повеќе паркинзи, бесплатен јавен превоз, за град кој што ќе биде центар на културни случувања и ќе биде опколен со паркови и зелени површини, а неконтролираната градба ќе биде минато. Ќе вложуваме и во младите, а токму овде во Аеродром, заедно со вашиот градоначалник од општината ќе го изградиме Скопје ИНОПАРК со цел искористување на потенцијалите на ИТ-индустријата и за економско јакнење на општината, но и на градот. Со овој проект, ќе бидат искористени потенцијалите на ИТ индустријата во Скопје, но и ќе им се овозможат на младите луѓе услови за професионален раст и можности за економско јакнење, додаде Арсовска, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.