-Две партии со децениско присуство на политичката сцена што потрошија стотици илјади евра на билборди, промотивни видеа и печатен материјал, освоија помалку гласови од независен кандидат поддржан од граѓанска иницијатива, која немаше пристап до државни финансии и која се формираше неодамна и активно делува последните 2 месеци – вели Петровска.

Таа додава дека Морачанин креира сопствена слика за реалноста и ги манипулира статистиките за изборите за да остане лидер на партија во изумирање.

-Собира гласови за советници и градоначалници, за да си ја зголеми „цената“ за пазарење со коалициските партнери. Кандидираше кадри од двете големи партии (Шуто Оризари, Радовиш, Кисела Вода), бидејќи нема сопствено членство. Нејзиниот Генерален секретар, Потпретседател и Претседател на младинската организација доживеаја фијаско во Ѓорче Петров и Карпош. Од 21 советник од претходните избори ДОМ спадна само на 5 – вели Петровска.