-Дивите депонии во Скопје мора да бидат минато, порачаа таа од депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров каде, како што реле, постои континуиран проблем што во вечерните часови се фрла отпад.Сакам да најавам дека започнува засилено работата на инспекциските служби на град Скопје и дека со глоби за фрлање на отпад на јавна површина ќе се казнуваат оние кои наштетуваат на животната средина и здравјето на граѓаните.Од сите нас зависи во каков град живееме и нема да има отстапки, време е да се стави ред, порача Арсовска.
Градоначалничката најави дека до 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои беа детектирани, а на нивното чистење веќе се работи во голем дел од општините во Скопје, а воедно се работи на системско решение за превенција, рече Арсовска.