Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска преку својот Фејсбук профил информираше дека е формиран Совет за сообраќај на Град Скопје со цел делување во насока на зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, подобрување на јавниот превоз и сообраќајната инфраструктура во Скопје.
– Советот за сообраќај во Град Скопје составен од девет членови, сообраќајни експерти, професори и стручни лица од областите поврзани со сообраќајот во Град Скопје, има цел да креира политики, предлози и сугестии за подобрување на сообраќајот и сообраќајната инфраструктура во Градот Скопје, напиша таа во својата објава.