-Имавме состанок со ебор, на кој што јас ги елаборирав сите работи кои се ризици во процесот. Тука имаме и состојба по која граѓаните одбраа поинаков концепт преку изборите. Во самата програма понудив проекти за кои граѓаните одлучија. Референдумот е една од опциите дали граѓаните сакаат едно или друго решение. Тоа не го исклучувам ќе почнеме да го практикуваме за секое клучно прашање. За брт системот скопјани не се консултирани. Исто така, граѓаните не се запознаени целосно со проектот, а јас низ изборната кампања ги објаснив ризиците за овој вид на транспорт, рече Арсовска.

Градоначалничката на Град Скопје неодамна имаше средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за проектот БРТ, но детали од средбата не беа објавени.

Инаку Арсовска во својата изборна кампања вети воведување бесплатен автобуски превоз и набавка на нови 250 еколошки автобуси.