Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со Германската амбасадорка Н.Е. Анке Холштајн.

-Денес со Германската амбасадорка Н. Е. Анке Холштајн остваривме средба на која разговаравме за можностите за зголемување на билатералната соработка особено меѓу Град Скопје и збратимените градови Нимберг и Дрезден. Скопје има потенцијал да израсне во модерна европска метропола со можност за економски, општествен и културен развој преку користење на знаењето, искуството и германските добри практики, информира Арсовска.