Што крие Филипче?

Филипче и Рама оствариле средба, но без македонското знаме, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Албанскиот премиер Еди Рама за време на престојот во Македониіа остварил средба со Венко Филипче, во Албанскиот конзулат во Битола.

Рама објави фотографии од посетата на Битола по повод Денот на албанската азбука, а на една од нив е овековечена средбата со Филипче. Она што го привлече вниманието е дека зад двајцата политичари се поставени албанското знаме и знамето на НАТО, но не и македонското државно знаме.

-Ниту Филипче ниту СДС не објавија дека се сретнале со Рама. Фотографијата на Рама на „Фејсбук“ ја објавил само Агрон Демири од СДС, кој подоцна ја избришал објавата.

Зошто Венко Филипче молчеше за средбата со Еди Рама? Зошто СДС не ја информираше јавноста? И уште поважно, како е можно на фотографијата од средбата во Албанскиот конзулат во Битола да бидат истакнати албанското знаме и знамето на НАТО, а да го нема македонското државно знаме?

СДС и Филипче треба да знаат дека Македонското знаме не е декор што може да се поставува или отстранува по политичка потреба. Тоа е симбол на државноста, суверенитетот и достоинството на сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.