Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.

Утре, на 8ми ноември, 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.

Пред да стане градоначалничка, Арсовска менаџираше со Сојузот на стопански комори од 2014 година до сега.

Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат.