Ѓорѓиевски искажа подготвеност да им се излезе во пресрет за сите добри идеи и потенцираше дека во неговата програма има бројни проекти наменети токму за пензионерите и нивните потреби.

Потсети дека токму во моментов тече обуката за негуватели кои на старите и изнемоштени лица од овој дел на градот ќе им пружаат помош во нивниот дом. Ќе има и проекти за подобрување на социјалниот живот на пензионерите. Ќе се одржуваат настани од културен, спортски, социјален карактер во кои тие ќе бидат вклучени.

-Овие лица се значаен сегмент од нашата заедница и ќе овозможиме да го добијат заслуженото место во општественото живеење, наведе на средбата градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.