Таа понатаму потенцираше дека граѓаните немаат време за чекање после сите лажни ветувања и нереализирани проекти и токму сега е време за промени.
-Кога граѓаните ми кажуваат дека ништо не е превземено во нивното соседство да им се помогне, дека секојдневно се соочуваат со нееасфалтираните улици, со поплавените улици по секој дожд, дека немаат вода за пиење или се соочени со прекини на водоснабдување скоро секој ден во некој дел од градот, нема фекална канализација во голем број населени места особено на периферијата на градот. Затоа навистина време е за промени, истакна таа.
Арсовска вечерва пред скопјани уште еднаш кажа дека на овие избори се натпреварува како независен натпартиски кандидат и е дел од скопјани во борбата за поубаво Скопје, презентирајќи ги клучните проекти од својата програма кои ќе го направат градот модерен и европски, град со кој ќе се гордеат сите скопјани.
-Овие проекти ќе го направат Скопје модерен европски град, град на којшто ќе се гордееме. Ќе изградиме 5 мега паркови и ќе го направиме Скопје повторно зелен град. Ќе изградиме кружен тек кај Мавровка и ќе го направиме сообраќајот пофункционален на сите проблематични точки. Во градот нема да има повеќе заборавени населби и таму ќе се инвестира во инфраструктура. Ќе иницираме заштита на Водно со закон, слободно од автомобили. Сите ние сакаме да имаме пристоен живот во овој град. Сите ние сакаме град без проблеми. Град без проблем со водата за пиење во дел од населените места, град каде нема диви депонии. Сакаме град каде образованието на нашите деца ќе се одвива во модерни училишта. Со бесплатниот јавен превоз и набавката на 250 еко автобуси скопјани ќе добијат еколошко решение наместо утопија – тоа е мојата понуда за Скопје. И кога мојот противник вели дека ова не е остварливо, сакам да прашам зошто истото го нудеше неколку дена по мене и срамно ме копираше. Ако не е реален проектот зошто го нуди истото? Затоа што знае дека е реалност и знае дека тој е главниот виновник за лошото менаџирање на ЈСП, рече Арсовска.