На големиот македонски празник, 11-ти октомври СДСМ Карпош организираше граѓанска трибина насловена „Најдоброто за Карпош“ на која присуствуваа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и кандидатот за градоначалник на Карпош, Душко Весковски.

СДСМ овој митинг го одржа во Спортскиот центар Борис Трајковски, односно во А1 арена, а „големата посетеност“ на настанот за која пренесоа провладините медиуми се должи на закани, притисоци и уцени.

Имено, фотографиите до кои успеа да стигне нашиот медиум говорат дека Наташа Станоевиќ која на јавноста ѝ е позната како директор на Центарот за социјални работи-Скопје ги присилува своите колешки да присуствуваат на овој настан.

– За колешките кои сега се приклучија, присуство задолжително, чекам потврда дека ќе дојдете, започнува Станоевиќ.

Таа немилосрдно ги уценува своите колешки велејќи дека единствена причина за недоаѓање на овој предизборен митинг е Ковид-19, односно дека други оправдувања немаат.

– Јас ги пренесов насоките дека единствено оправдување е болест. По завршување на средбата со ваши потписи треба веднаш да ги предадам, списоците ќе одат во централа, додава Станоевиќ.

Од реченицата „Списоците ќе одат во централа“ логично е да се заклучи дека „наредбите“ од Станоевиќ впрочем доаѓаат од високите позиции на СДСМ. Оттука, логично е дека нарачател на овие притисоци е самиот Зоран Заев и раководство на СДСМ кое себеси се опишува како „демократско“.

Понатаму, од фотографиите може да забележиме дека на пораките од Наташа Станоевиќ колешките ставени во безизлезна ситуација пишуваат „Ок“, а таа продолжува:

– Значи ок подразбира сигурно доаѓање, ве чекам со список кој треба да го предадам. Оправдување за недоаѓање е само Ковид. Чекам да потврди секој писмено, завршува таа.

Во продолжение погледнете ги пораките кои Станоевиќ им ги испраќа на 27 членови во група нарачена „ЦСР локални“:

Дополнително, овој настан наиде на многу критики од јавноста. Имено, за влез во затворени објеки како спортски сали, за присуство на спортски или културни настани власта задолжително бара вакцини. Овде, во истиот затворен простор не е потребно сертификат за влез во салата и да се биде дел од митингот.

Ова е уште еден доказ како власта манипулира со јавноста и законите ги прави онака како што ѝ одговараат на неа.

Во продолжение ќе ви прикажеме фотографии од митингот на СДСМ каде граѓаните беа присилно натерани да присуствуваат.

✊Граѓанска трибина – Најдоброто за Карпош1️⃣2️⃣

📌Вчера вечер во салата „Борис Трајковски“ се одржа граѓанската трибина…

Posted by Душко Весковски on Tuesday, 12 October 2021