Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија.

Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки. Тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна. Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата, велат од ВМРО ДПМНЕ

Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива, стои во соопштението на партијата.

Инаку на конвенцијата за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска како нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива вечерва во први редови беше генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

фото: Република

Покрај Зечевиќ и нејзиното семејство, главна поддршка на настанот во скопскиот хотел „Континентал“, Арсовска доби од сопственикот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски – Мечка и неговата сопруга Наталија, од неодамна поставена Наталија Митовска за нов генерален секретар на Град Скопје.

фото:Република

На конвенцијата Арсовска ги изнесе ставовите за кои ќе се залага партијата, како ослободување на судството и на македонската економија. Упати критика кон Преспанскиот и Договорот за добрососедство.Посочи дека партијата не е во коалиција со СДСМ, но и дека има постулати кои треба да ги прифатат партиите доколку сакаат коалиција со партијата.

Арсовска ја презема партијата од Ѓорѓи Оровчанец. Досегашниот претседател на коалициониот партнер на СДСМ рече дека си дал неотповиклива оставка зошто никој не го информирал за тоа што се случува внатре во партијата.