Амбасадорот Силвестри и го честиташе изборот на Арсовска за градоначалник, а таа го запозна со нејзината програма на која ќе биде посветена во наредните четири години, а која е во насока на забрзан развој на градот во сите сегменти и постигнување на визијата за модерно Скопје.

Двајцата соговорници изразија желба за продлабочување на добрата соработка меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Република Италија, преку размена на позитивни искуства и практики во различни сфери на општественото живеење.