-Мојата визија за Скопје предвидува овозможување на современи услови за учење за нашите деца. Мора да имаме соодветни модели за одржување на образовниот процес за младите и тие тоа го заслужуваат во 21 век. Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на сите наши млади дека местото им е тука, дома и дека треба да останат во Скопје, нагласи кандидатката за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска на денешната панел дискусија на тема „Младите во градот Скопје, младите во центар“.
Во ера на дигитализација Арсовска изјави пред учесниците во панелот дека потребно е да се вложува во младите кои се дел или кои имаат афинитети во ИКТ (информатичка, комуникациска и телекомуникациска) индустријата. Таа додаде и дека ќе се залага за младите луѓе, преку транспарентен процес за избор на Совет на млади, дигитализирање на сите информации за млади со еден клик, преку проектот Е-млади, дигитализација на средните училишта и проектот за е – Младински културен центар.
-Ќе вложиме не само во основни средства, туку и во информатичка опрема за секој ученик со којашто ќе може да располага и секој наставник. Ќе им помогнеме на младите
претприемачи. Во рамки на МКЦ преку процес на социјално претприемништво и во соработка со невладиниот сектор ќе започне со работа Центар за младинско претприемништво – изјави Арсовска од денешната панел дискусија со младите во општина Центар.