Граѓаните на општина Кaрпош немаат повеќе време да трошат на политички опции и поединци кои забораваат на народот.
Народот знае да направи разлика и да го одбере најдоброто за општината!
Јас и Вие сме Моќен сојуз за моќна општина!
Секој еден заслужува нова подобра иднина, подобра општина во која живее, современа и хумана општина во која ќе растат нашите поколенија.
Општина Карпош заслужува градоначалник кој е во служба на граѓаните, кој ќе работи за доброто на своите сограѓани!
Ви благодарам уште еднаш и ја барам вашата поддршка за заедно да го направиме Карпош повторно успешна општина!
На 31-ви, заокружи број 1, за иднината на Карпош и иднината на нашите деца!, напиша Јакимовски.