Премиерот Заев сега ќе направи се за да си ја спаси политичката кариера, тој требаше прво да го повлече својот актуелен градоначалник, господинот Шилегов затоа што ги лажат безумно скопјани во изминатите 4 години со проекти кои што не постојат. Не сработија, не испорачаа, а бараат од мене да се повлечам? Јас сум искрен и чесен човек, јас сум човек што влезе во оваа трка знаејќи со што ќе се соочи, кога дојде до таму премиер да се плаши од жена, тогаш нека си размисли тој убаво и по понеделник нека си ја поднесе оставката.

Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање.

Планирам се да докажам од прво до последно за она што го кажаа, затоа што, оваа кампања од денот кога кажав дека овие луѓе ќе имаат одговорност, почнаа да ме напаѓаат. Претходно каде беа овие напади? Јас живеам во градот Скопје 42 години. Скопјанка сум, Македонка сум. Живеам тука 42 години со своето семејство, со својот сопруг и со својот син. Направив многу, можам многу и овој којшто напаѓа денеска, во понеделник очекувам дека ќе си ја поднесе својата оставка а јас денес кажувам дека не се повлекувам – додава Арсовска.