Може Заев и 100 милијарди да каже, има една изрека- што значи за човек еден тон, така и он можеше да каже и 100, јас не знам зошто тој кажа 12 милијарди. Не мислам дека некој во Македонија верува на тоа што ќе го каже Зоран Заев.

Повторно ќе кажам народот е свесен изминативе 52 месеци што се случуваше во Македонија – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по изјавата одговарајќи на новинарски прашања во Кочани.

Мицкоски додаде дека во Македонија народот е апсолутно свесен на лошите политики кои што во изминативе 52 месеци ги носеше владата на СДСМ и ДУИ.

Народот е апсолутно свесен, тоа го покажа во првиот круг, а тоа ќе го покаже и во вториот круг. Така што мене нема да ме чуди ако утре кажат и 100 милијарди дека ќе инвестираат, но за жал единствено нешто што добивме беа порази, криминал, корупција и распродажба на сето она кое што во минатото некој со својот живот го платил – укажа Мицкоски.