Интегралната изјава ја пренесуваме во продолжение:

Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка.

Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски.

Сочувствуваме што 14 животи згаснаа во институција за чија безбедност и животи би требало да се грижи Министерството за здравство.

Oна што првенствено сакаме да го потенцираме во овој момент, уште една кажувам да го потенцираме е потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија.

За жал без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага.

Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд.

Зоран Заев и Венко Филипче да покажат барем малку доблест и да ги ослободат институциите од нивните притисоци.