Арсовски истакна дека Македонија како држава има повеќе починати од една Кина и тоа е доволен показател дека ништо не функционира тука, а единствено од власта се фрлени на провизии и на заработка.

– Најпрвин провизиите за набавка на респиратори каде што сакаа да земат пари. Којзнае колку заработиле од маски и слични работи. Но, провизиите на Венко Филипче за набавка на кинески вакцини, кои дека се сомнителни видоа и кинеските служби кои го вратија авансот, рече Арсовски.

Тој посочи дека од друга страна ја имаме Србија како пример, која прва почна да вакцинира и има најмногу во Европа и меѓу другото ни донираше вакцини, но не само тоа туку дозволи граѓани од Македонија да одат таму да се вакцинираат.

– Сите земји од регионот имаат повеќе вакцини од нас, а кај нас има само лаги и манипулации. Дури и ветената донација од Бугарија не е реализирана. Имаше ветувања од Заев дека до крајот на април ќе стигнат 200.000 вакцини, но еве не видовме пречек на вакцини. Единствено што прават е купување на време и лажење. Во меѓувреме дел граѓани прележуваат корона вирус, но дел ја губат битката и сега секое доцнење на вакцини сме поблиску до колективен имунитет, нагласи Арсовски.

Тој потенцираше дека оние речиси 5.000 починати кои ја изгубиле битката тоа е затоа што владата не била доволно свесна и способна да набави вакцини или претходно респиратори и медикаменти да ги излечи граѓаните.