– Филипче се утепа земајќи донации, ама денеска му се случи да одбие за како што рече да не му се собереле премногу вакцини. Истово ова го зборуваа и во февруари, март и претходно кога одбиваа руски вакцини. И тогаш образложението беше дека има доволно нарачано, а реално граѓаните потоа чекаа уште неколку месеци за вакцинација. А од масовната вакцинација се уште ја немаме видено. Или последниве десеттина дена има само ревакцинација во Македонија или повеќе граѓани само последниов викенд се вакцинираа во соседството. Поточно последниов викенд се вакцинираа само во Србија повеќе од 20 илјади лица, а одеа на вакцинација и други земји, рече Арсовски.
Според него, ако се набавуваа вакцини, кога тоа го правеа и сите нормални земји, минатата есен и зимата пред Нова година до сега ќе имаше вакцинирано сигурно и до половина милион граѓани, а ќе се спасеа илјадници животи особено оние кои настрадаа и ги изгубија своите животи во најсмртоносниот бран.
– Целата пандемија покажа дека оваа власт чека донации не само за вакцини, туку за се почнувајќи од основното лична заштитна опрема, до респиратори, вакцини и што уште не. Сето ова покажува дека власта на Заев и Филипче го доведе здравството на респиратори, а граѓаните ги губеа своите животи. Четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните кои скапо ги платија, а најголем дел ги платија со своите човечки животи, смета Арсовски.