Оваа одлука беше донесена само да се убрза тој процес на политички линч врз ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на најавениот протест каде што се знае дека ќе имa многу голем број на граѓани кои што се револтирани од случувањата во државата, односно од оваа национална катастрофа. Она што е многу важно е дека вчера и адвокатите кои беа присутни на рочиштето и останатите правници кои го следеа судењето видоа една сериозна грешка која што ја направи судот каде што се обиде да оневозможи едно право на одбраната, односно на одбраната од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Она што е исто така многу важно да се напомене е дека премногу е симптоматично и јасно е дека истава оваа пресуда била напишана однапред, се знаела каква ќе биде. Вчера завршни зборови, денес се донесе таа пресуда, така да се знаело бидејќи немаше повеќе од 12 часа за да може да се спреми сето тоа, истакна Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Филибастер на Радио Лидер.
Тој посочи дека оваа одлука на судот е однапред смислена и договорена и со ова го загрозуваат правото на некој начин. Според Арсовски поради ваквото секојдневно однесување на власта е довербата во судството на 8%.
Дополнително Арсовски се произнесе и околу начинот на кој СДСМ се однесува последните 5 години.
Она што го прави СДСМ е повеќе од јасно тераат на сила, тераат надвор од законите, надвор од правните рамки, но ова не е од сега ова е наназад 5 години. ВМРО-ДПМНЕ не е прв пат да биде предмет на ваков политички прогон и линч, така да јасно е повеќе е од јасно дека е политички реваншизам. Што се однесува до одлуката, таа е тенденциозна и очекувам дека повисоките инстанци ќе бидат свесни дека оваа одлука е неправедна и треба да се промени, додаде портпаролот Арсовски.