Денеска остварив средба со еврокомесарот Оливер Вархеј. Разговаравме за европската перспектива на нашата Македонија и укажавме на императивот за што поскоро отпочнување на преговорите на Македонија, бидејќи 22 години е предолг период да сме сѐ уште во ходникот, а многу држави за жал од Централна и Источна Европа кои во тоа време воопшто немаа никаква европска перспектива нѐ поминаа во ходникот, седнаа на масата, преговараа, разговараа и станаа полноправни членки на ЕУ, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.