Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во вечерашното гостување во емисија Само вистина на Канал 5 телевизија, говорејќи за референдумското прашање на ВМРО-ДПМНЕ кое гласи „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во ‘Службен весник’ од 18.01.2017?“ вели дека истото било прецизно составено.
Посочи дека доколку се прифатило барањето за референдум и истиот би бил успешен тогаш пратениците во македонското собрание императивно би морале да донесат специјален закон со кој би се укинал или поништил важењето на Законот за ратификација за Договорот со Бугарија.
-На ВМРО-ДПМНЕ референдумското прашање беше многу прецизно, односно дали сте за да се напушти важноста на тој и тој закон и кога би бил успешен тој референдум тој би ги приморал пратениците императивно да мораат да донесат лекс специјалис со кој се укинува или поништува важењето на тој закон, посочи Арсовски.