Прилеп од раните утрински часови е под засилено полициско присуство, при што на повеќе локации се распоредени специјални единици и униформирани полициски службеници.

Според првичните информации, Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, спроведува претреси на околу 30 локации во градот и неговата околина.

Акцијата е координирана и, според неофицијални сознанија, е дел од поширока истрага за сомнителна организирана криминална структура. Истрагата наводно се однесува на активности поврзани со наркотици.

Неофицијално, меѓу лицата кои се опфатени со проверките има и припадници на полициските структури, за кои се испитуваат евентуални врски со лица или активности што се предмет на истрагата.

На терен се присутни поголем број полициски службеници, а проверки и претреси се вршат на повеќе локации во Прилеп и поширокото подрачје.

Засега нема официјални детали од МВР за акцијата.