– Иако имаше пријавувани рекетирања од бизнисмени кои им било барано пари, биле бркани да не работат итн., СДСМ не сопре и очигледно не планира да сопре со криминалното работење во РЕК Битола. Најнапред да расчистиме неколку работи. СДСМ иако беше најгласна за РЕК Битола пред да дојде на власт, изминативе 4 години ја оштетија државата преку РЕК Битола над 120 милиони евра. Зошто? затоа што толку чинат тендерите кои ги земале приватни фирми за работење во РЕК Битола. Да се потсетиме, дека имаше објавено оглас за набавка на механизација која ќе ја исплатеше самиот комбинат уште во 2016 година за во 2017 година да биде раскинат. РЕК Битола, државата и граѓаните ќе заштедеше пари во вредност од 20 милиони евра, наместо тоа, СДСМ го поништија тендерот кој го споменав и продолжија да ангажираат помошна механизација од приватни фирми. Зошто? Затоа што требаше да продолжат да работат нивни блиски луѓе со кои делат пари, а деталите понатака ги знаете преку случајот со рекет во РЕК Битола. Она што е најинтересно е дека конечно се обидоа да набават некоја смешна бројка на механизација оваа година со јавната набавка 10057/2020 за набавка на нова помошна механизација каде од 20 можни договори се склучија 16. Останатите 4 се поништија, вели Арсовски.

Тој додава дека договорите со бр. 10057/2020 за набавката на нова опрема се склучија на 15 февруари 2021 година со рок на испорака од 6 месеци за 9 договори, 9 месеци за 4 договори и 12 месеци за 3 договори. Тие со рок за испорака од 6 месеци веќе требаше најдоцна до 15 август 2021година до пред десеттина дена да бидат испорачани и да работат во РЕК Битола. Но, АД ЕСМ објави дека пристигнал дел од опремата како дампери, утоварувачи, камиони, грејдер и дигалка. Зошто сега во јавната набавка која е во тек потенцирам под број 14174/2021 се бара услуга од приватни компании за овие машини како утоварувач, грејдер, автодигалка….

– Сами се фалеа дека оваа опрема пристигна, истата е нова и е во функција, каде е сега таа опрема и зошто се изнајмува иста таква опрема од приватна компанија. Иронијата да биде поголема, дури има склучено и три договори на 10 август 2021 по набавката број8809/2021 за следниве ставки:

1. Услуга за цистерна за вода со волумен 8м3 со пумпа за распрскување вода.

2. Услуга од користење на помошна механизација булдожер со мотор од мин. 280 кW и

3. Услуга од користење на помошна механизација камион со волумен на сандак мин 13м3.

Сите овие три договори се склучени во вредност од 42.340.000 денари или 688.455 евра.

-Иако бараната цистерна и камиони требаше согласно договорите за набавка на новата опрема да бидат во РЕК Битола најдоцна до 15 август 2021 година. Наместо тоа, се склучуваат договори за позајмување и изнајмување. Овде во РЕК Битола, во оваа Влада сериозно мириса, да не речам смрди народски кажано на сериозен криминал во милионски суми. За сето ова некој ќе понесе одговорност по падот на оваа власт. Васко Ковачевски, кој што се фатил на оро со криминалците Заеви, и со тоа што и он самиот се става во таа клапа сето ова што го прави за нивни атер треба да биде свесен дека ова се пари на граѓаните, и овие милионски суми кои сега се испмумпуваат некој ќе одговара еден ден. РЕК Битола не е ништо повеќе во очите на СДСМ, од рудник за пари кои ги испумпува фамилијата на власт, истакнува Арсовски.