Тој од својата партија е кандидиран за да изгуби, а во октомври граѓаните на Кисела Вода и Кисела Вода ќе имаат нов градоначалник кој што ќе одговори на реалните потреби на граѓаните, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски посочи дека од самиот почеток, Филип Темелковски во Кисела Вода е завршена приказна.

-Сега само го трча последниот круг од маратонот, а јасно е дека ќе биде поразен и тоа со огромна. Неговиот мандат завршува во октомври. Кандидирањето на Филип Темелковски за Кисела Вода од страна на СДСМ е само доказ дека во СДСМ немаат никаква намера да горат нов кадар, туку го ставаат повторно Темелковски, за кој што знаеме дека не направи ништо и кој што нема никаква доверба од граѓаните за кој што и птиците низ Расадник знаат дека ќе ги изгуби изборите и тоа со огромна разлика. Човек кој што е пример за неработник и човек кој што аминувал криминогено работење во општината, не може и не смее да се надева на нов мандат. Може да се надева единствено на правна помош доколку се докаже дека работел криминогено. Не е коректно да се потценува интелигенцијата на граѓаните на Кисела Вода. Сите се сеќаваме дека во населба Драчево прекопуваше тазе асфалтирани улици, само затоа што беше фатен во криминал и асфалтирање со тенок асфалт и тоа на лице место. Значи потенок асфалт од спецификацијата каде што била изгласана на тендерот во Комисијата за јавни набавки во Општината. Ова е сериозно, вели Арсовски.

Тој посочи дека Темелковски за 4 години не го реши ниту проблемот со градинките. Не само што не се реши и што не изгради ништо, дури и над 400 деца секојдневно чекаат да бидат примени во градинки.

-Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век се уште нема вода за пиење во Каменик кое што е на само неколку километри од центарот на градот. Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век се уште немаат канализација и се уште користат септички јами граѓаните во населба Пинтија. Темелковски за 3 години не успеа ниту еден денар да вложи и не успеа да направи ниту еден единствен проект за млади. Нема ниту една инвестиција, Кисела Вода е слепо црево и за инвестиции, но и општина без поликлиника и запуштени игралишта. Темелковски не успеа за 4 години ниту еднаш да го исчисти Усјански канал, кој е извор на зарази секојдневно за илјадници граѓани. И многу други работи не успеа, односно не сакаше да ги направи, затоа што најверојатно паметот повеќе му беше во маркиците за градба кои што ги издаваше Општината, наместо во реалните потреби на граѓаните, но за тоа ќе му пресудат самите граѓани. Во овие моменти на граѓаните на Кисела Вода им е јасно дека СДСМ си поигрува со нивната интелигенција и јасно им е дека Темелковски не е повеќе опција за градоначалник на Кисела Вода. За крај, да заклучиме, јасно е дека Кисела Вода ќе има нов градоначалник во октомври кој ќе одговори на потребите на граѓаните и проблемите, и јасно е дека за СДСМ Кисела Вода е отпишана како општина за изборите. Залудно ги манипулираат нивните членови, кога и тие самите веќе им откажуваат послушност од кога видоа кој им е кандидат, потенцирше Арсовски.