Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжуваат со теренски интервенции на повеќе локации низ градот, отстранувајќи несоодветно одложен отпад од канализациската мрежа.


-Последиците од несовесното однесување се повторуваат. Една од интервенциите е реализирана на улицата Методија Шаторов – Шарло во Општина Аеродром, каде што беше отстранет отпад што го попречуваше нормалното функционирање на канализацискиот систем, велат од претпријатието.


Од ЈП „Водовод и канализација“ со апел до граѓаните, канализациските шахти не се места за одлагање отпад.

-Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и другите отпадоци фрлајте ги во корпите за отпадоци, а не во канализацијата. Да бидеме совесни и одговорни – со малку внимание од секој од нас можеме да спречиме затнувања и да придонесеме за непречено функционирање на канализациската мрежа, порачуваат од ЈП „Водовод и канализација“.