Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем, Артан Груби, во неодамнешна изјава за медиумите го појасни својот став за тоа да биде идниот премиер на Владата на Република Северна Македонија. Груби изрази дека не се замислува како иден премиер и цврсто верува дека нема да ја извршува оваа функција.

Не се гледам себеси како иден премиер, не верувам дека јас сум следниот премиер и всушност знам дека јас не сум следниот премиер на Владата

На прашањето кој ќе ја преземе улогата на идниот премиер, Груби се осврна на коалицискиот договор, наведувајќи дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети е одговорен за предлагање на следниот кандидат. Груби изрази уверување дека сите пратеници ќе го поддржат избраниот кандидат, кој и да е тој.

Извор: A1on