Амбасадорката: „Процесот е темелен“

Американската амбасадорка Ангела Агелер потврди дека вклучувањето на Артан Груби на црната листа на САД е резултат на внимателно спроведен процес.

Кога нечие име ќе биде ставено на списокот, можам да гарантирам дека процесот е темелен. Тоа не е случајно и не е политички мотивирано,“ изјави Агелер.

Наводи за примање мито

Груби е ставен на црната листа поради сомневања за примање мито, за да го заштити од кривично гонење поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Доказите за овој случај се тука. Се надевам дека тоа ќе поттикне акција, но ние како амбасада не сме правосуден орган,“ додаде Агелер.

Апел до Артан Груби

Агелер го повика Артан Груби да се врати и да соработува со правосудните органи.

Ако немате што да криете, тогаш вратете се и докажете го тоа. Постои правен процес кој веќе започна,“ изјави таа.

Ахмети: „Груби е подготвен да соработува“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека Груби е подготвен да се соочи со правдата, но побара гаранции за неселективност во процесот.

Артан Груби е подготвен да одговара, но не со селективна правда. Според моите информации, тој е на територија на Албанија,“ нагласи Ахмети.

ДУИ под критика

Случајот Груби предизвика лавина реакции, особено поради фактот што партијата инсистира на ветинг за судии и политичари, додека нејзини високи функционери се наоѓаат на црната листа на САД.

Многу сум свесна кога луѓето ме лажат в лице и тоа е жално. Но, знам дека не треба премногу да верувам во она што го велат,“ заклучи Агелер.