По одобрувањето на Законот за коцкање, попладнево реагираше албанската опозиција, односно Европскиот сојуз за промени. Оттаму оценија дека со донесувањето на законските измени се потврдува дека ДУИ е во голема паника.

„Стравот од кривична и политичка одговорност за стореното дело ги тера очајно да се обидуваат да ја тргнат етикетата дека станале партија на казинотота. Иронично е што Артан Груби се обидува криминалот на казино-бизнисите да го претстави како политички триумф на ДУИ… ДУИ го допре дното. Од партија која се бореше за правата на албанскиот народ се претвори во пералница на валкани пари“, реагира албанската опозиција.