Министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Беким Сали поднесени се оставки од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести  и Клиниката за радиотерапија и онкологија.

-По барање на министерот за здравство, денеска до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, соопшти  Министерството за здравство.

Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено  информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури