Портпаролот на талибанците изјави дека двајца од тројцата вооружени напаѓачи се уапсени, но тој негираше дека тие дејствувале во нивно име, пренесува Би-Би-Си.

Музиката беше забранета кога талибанците владееја со земјата од 1996 до 2001 година.

Новите власти се уште немаат донесено таков декрет.

Очевидец изјави за Би-Би-Си дека четирите двојки се венчале на заедничка венчавка во областа Сурк Род во провинцијата Нангархар во петокот. Тие добиле дозвола од локален талибански лидер да пуштаат снимена музика во простор што го користат само жени.

Меѓутоа, доцна во ноќта вооружени лица влегле внатре и се обиделе да ги скршат звучниците. Кога гостите протестирале, напаѓачите отвориле оган.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека случајот е под истрага.