По падот на Кабул на 15-ти август, Паншир остана единствената област во Авганистан која не е под контрола на талибанците.

Високиот лидер на талибанците Амир Кан Мотаки ги повика Авганистанците да се повлечат и да ја предадат долината.

„Исламскиот Емиран Авганистан е дом за сите Авганистанци“ изјави тој.

Талибанците прогласија амнестија за сите Авганистанци кои работеле за странските сили во минатите две децении, но многумина уште стравуваат од нивна одмазда.

Мотаки изјави дека талибанците презеле големи напори за да разговараат со авганистанските лидери од Паншир, но разговорите биле без позитивен резултат.

Портпаролот на Националниот фронт за отпор на Авганистан, кој собира сили во долината Паншир, во средата изјави дека талибанските сили започнале офанзива пред два дена и нападнале три или четири места, но досега успеале да ги одбијат.