Делегацијата, предводена од претседателот на авганистанскиот Парламент, Мир Рехман Рехмани, денеска разговараше со новинарите во Исламабад по средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан и други владини и воени претставници, а состанокот се одржа оваа недела.

Поранешниот авганистански потпретседател Мохамед Јунис Кануни изјави дека идната влада во Авганистан треба да биде инклузивна, со учество на сите етнички групи.

– Ние сме против владеење на една партија или група, истакна Кануни.

Познатиот политичар Калид Нур рече дека талибанците не можат насилно да владеат во Авганистан и предупреди дека нивната власт ќе биде краткотрајна доколку не ги почитуваат човековите права.