Министерството за внатрешни работи на Хрватска потврди дека авионот слетал во Сплит и дека во тек е стандардна процедура со која се проверува дојавата, а сите патници беа евакуирани.

Аеродромот не беше затворен за сообраќај.

Во меѓувреме, по околу еден час од слетувањето на авионот дел од хрватските медиуми објавуваат дека дојавата била лажна.

Се очекува полицијата да објави официјални информации по целосната проверка на леталото.