Кратко по 16 часот, почна да врне дожд, а малку подоцна небото се затемни и „се отвори“ а дождот го „поплави“ градот. Во некои делови на Белград падна и град.

За среќа, невремето не траеше долго.

Луѓето на улиците беа изненадени од силниот дожд проследен со силен ветер.

Поради обилниот дожд на градските улици се создаде метеж, а беше поплавена Зоолошката градина.