Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува вчерашниот физички напад врз сопственикот на „Буревесник“ Зоран Божиновски.

– Безбедноста на новинарите е предуслов за професионално вршење на нивните обврски и секое насилство кон нив е апсолутно неприфатливо. Тие треба да ја вршат својата работа ослободени од каков било вид напади, притисоци, вознемирување и заплашување, нагласуваат од АВМУ.

Оттаму потенцираат дека во демократските земји е неопходно да се обезбеди целосно уживање на правото на слобода на изразување и на правото на информирање на граѓаните.