Жената била уапсена и обвинета за подметнување на пожар.

Во неделата наутро пожар го зафатил горниот кат на хотелот “Пацифик” во градот Карнс на североистокот на Квинсленд. Од хотелот морало да се евакуираат повеќе од 160 луѓе.

За среќа, никој не бил повреден.

Направената штета на зградата била огромна, па властите ги преселиле луѓето во други ковид-објекти.

Властите велат дека 31-годишната жена запалила оган под својот кревет, откако минала неколку дена во задолжителен карантин.

Пред инцидентот таа наводно правела други проблеми за персоналот во хотелот за време на својот престој.

Нејзините две деца сега се под полициска заштита, а жената е обвинета за подметнување на пожар и намерно нанесување на штета.