Австралијците потрошиле околу 12,4 милијарди австралиски долари (8,2 милијарди американски долари) за една година на кокаин, хероин, екстази и метамфетамин, според анализата на австралиската разузнавачка комисија за криминални дејствија, цитирана од ДПА.

Околу 10,5 милијарди долари биле потрошени само за метамфетамин меѓу август 2022 и август 2023 година, според извештајот на комисијата заснован на анализа на отпадните води. Според него, за една година потрошувачката на наркотикот во земјата се зголемила за 1,5 тони на 10,5 тони.

Вкупно над 16,5 тони метамфетамин, кокаин, хероин и екстази се употребени во 12-те месеци до август 2023 година. Зголемувањето од 17 отсто во однос на претходната година се должи најмногу на 19 отсто раст на употребата на кокаин до четири тони и на 19 отсто раст на употреба на метамфетамин. Дополнително, во овој период се искористени околу 13,6 тони канабис. Со оваа вкупна вредност во текот на периодот, Австралијците користеле над 30 тони од петте наркотици наведени погоре.

Податоците опфаќаат 14,5 милиони Австралијци – околу 57 отсто од населението во земјата – и се засноваат на примероци од отпадни води собрани низ целата земја во август и октомври 2023 година.