На 10.11.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Кавадарци-с.Ресава, Н.П.(66) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „цитроен“, со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, велат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци.
Бил извршен увид на местото на несреќата.