При преглед во патничко возило „опел астра”, сопственост на А.К., во кое бил и А.Ј. биле пронајдени и одземени хероин и таблети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.