На 15.12.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, на превој Пресека, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(69) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник во возилото А.Г.(55), а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Ѓ.К.(50), двајцата од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.