СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(33) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

На 25.06.2021 од полициски службеници, во непосредна близина на наплатна рампа „Желино“, кај пријавениот се пронајдени и одземени МДМА и марихуана.