-За сите оние скептици кои прашуваа што сме направиле за Битола како Влада? За што се залагал министерот од Битола? Ете ова е една од работите за кои долго време работевме и која ќе стане реалност. Остануваат за реализација и останатите важни капитални работи за градот, за Пелистер и за регионот, кои за брзо време ќе станат реалност, а не се направиле во изминатите 30 години. Ова е влог за идните генерации! Битола се сака со работа и со дела! Ние ќе работиме, а другите нека критикуваат, но нека се запрашаат што направиле за Битола, вели Милевски.
Инаку, Собранието по скратена постапка донесе закон, со кој е утврдено конзорциумот „Бехтел-Енка“ да ја изгради делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и делница на автопатот Прилеп – Битола.
Но, Државната антикорупциска комисија оцени дека со овој закон се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар за тоа кој да ги гради автопатските делници, бидејќи не се предвидува тендерска постапка.
Затоа, антикорупционерите побараа да се поништи и стопира неговата примена, бидејќи, според нив, постои висок ризик на корупција, меѓутоа Уставниот суд ја отфрли нивната иницијатива.