Од ваквата ситуација засегнати се транспортерите, такси превозниците, автобускиот превоз, но за сега барем во овие гранки нема поскапување на цените иако како што велат работат на раб на егзистенција.
Тука се и автошколите кои особено минатата година беа погодени од рестриктивните мерки и кога нивната работа беше запрена.
-На наш предлог минималната цена за обука е ставена во законска рамка од 2015. Да потсетам дека пред таа 2015 година имавме цени на обука од 5.000 до 15.600, значи еден ширен распон на нудење на цена. Во 2015 изготвивме елаборат кој што го потпишаа 98% оа автошколите. Потребно е да изнесува 24.500 денари. Тој елаборат го поднесовме до МВР, но од таму одличија дека 19.300 е доволна за почеток за да можеме да направиме некој чекор во тој дел, вели за „Утрински брифинг“ претседателот на Националното здружение на автошколи и возачи инструктори – обука Л, Јонче Апостоловски.
-За А и за Б категорија се работи претежно. Ние сакаме да се вратиме шест години назад, таа цена што ја понудивме тогаш, сега да биде актуелна и да можеме да продолжиме да работиме, вели Апостоловски.