Од партијата посочуваат дека ако овој капитален здравствен објект беше изграден, со веќе одобрени европски пари, целиот источен регион ќе имаше современ здравствен капацитет кој ќе спасуваше животи и ќе овозможеше квалитетна нега на пациентите.

-Во овие 4 години, власта на Заев наместо да инвестира во здравствениот систем беше посветена на криминал, корупција и матни тендери. Наместо капитални инвестиции беа фрлени на јакнење на капиталот на фамилијата Заеви. Ете затоа Македонија губи средства од Европа кои биле претходно одобрени, но за жал поради некадарноста на владата на Заев да изгради нешто за народот, тие средства сега се стопирани.

Европа очигледно видела дека власта има капацитет да ги топи парите или да ги злоупотребува европските средства за тренирање на магариња, па решила средствата да ги запре. Ова е меѓународна финансиска бламажа од која губат Македонија и граѓаните, се наведува во соопштението.