На средбите ќе се разговара за тековните прашања и предизвици со кои се соочуваат компаниите од овој регион, за енергетската ситуација во земјава и за можностите за справување со недостигот на електрична енергија на домашниот пазар во наредниот период, како и за прашањата поврзани со владеењето на правото и на правната држава, најави Стопанската комора на Македонија.
Во контекст на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, информираат дека на средбите ќе се разговара и за подигнување на свеста кај деловните субјекти за можноста споровите да се решаваат со арбитража, наместо преку суд, низ долгите и неефикасни судски постапки.
Како што информира комората, Азески ќе ги посети „Макпрогрес“ – Виница, „Амфенол технолоџи Македонија“ – Кочани, „Винербергер“ – Виница, Рудниците „Саса“ и „Бучим“, „Мебел ви“ – Виница, „Европа 92“ – Кочани, „Мода“ – Свети Николе, „Оаза“ – Штип, „Албатрос“, „Вабо“, „Кит го“ и „Зендолино“ – Штип. Станува збор за активни долгогодишни членки на комората, кои се меѓу најуспешните компании од овој регион според годишниот промет и според приходите.