Поради воведувањето на нова електронска апликација за конкурирање, Министерството го продолжи рокот уште пет дена, односно до денеска напладне.

-На заемно задоволство, можеме да информираме дека остваривме успешен процес на електронско  пријавување на годишните конкурси, нешто што корисниците со години го бараа. Изразуваме благодарност до апликантите кои со позитивна реакција и активно учество ја прифатија оваа новина, и со кои во текот на процесот заеднички ги надминувавме тешкотиите што се јавуваа од ова ново искуство за сите нас, велат од Министерството за култура.

Сведувајќи ги на минимум евентуалните предизвици за апликантите, од Министерството додава дека службите направиле се за процесот на електронско пријавување да се одвива беспрекорно.

Претходно, беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државата. Со започнување на конкурсот беа отворени две телефонски линии за техничка поддршка, на коишто корисниците ги добиваа потребните информации, а консултациите се извршуваа и преку електронска пошта, по одделни дејности.